Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска повторно побара мирно и политичко решавање на кризата во Венецуела.
Лидерите на Европската унија сакаат Велика Британија да го напушти блокот со постигнат договор, изјави денеска британската премиерка Тереза Меј на крајот на посетата на Брисел, каде имаше средби со првите луѓе на институциите на Унијата.
На компанијата Фејсбук и е наложено да го намали бројот на лични податоци кои ги собира од своите корисници во Германија.
Германскта канцеларка Ангела Меркел денеска изјави оти верува дека е можно изнаоѓање решение околку спорната одредба за „ирската граница“ во Договорот за Брегзит и без одржување нови преговори за веќе договорениот текст.
Во Вашингтон денеска се одржа традиционалниот молитвен појадок, во организација на американскиот претседател Доналд Трамп.
Германскиот министер за Европа, Михаел Рот повтори дека Германија е против решавање на спорот помеѓу Србија и Косово со менување на границата.
Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Саливини денеска изјави дела Италија не сака да се расправа со Франција.
Итните служби во германскиот пристанишен град Хамбург синоќа реагираа на поплаките на голем број жители поради „мистериозен лош мирис“, што се проширил во неколку градски населби.
Евентуалното истапување на Велика Британија од ЕУ без договор би имало катастрофални последици, предупреди денеска претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.
Франција одлучи да го повлече на консултации својот амбасадор во Рим, Кристијан Масет поради „напади без преседан од страна на Италија”, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи.