Министерството за надворешни работи на Русија денеска најави дека ќе побара официјално објаснување од властите во Париз во врска со изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека „руски медиуми се мешаат во внатрешните работи на Франција“ кога се во прашање протестите на „жолтите елеци“.
Собранието денеска во рамки на 84.седница ја отвори расправата за барањето притвор на пратеникот и поранешен министер за земјоделство Љупчо Димовски, поднесено од Кривичен суд.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги критикува европските држави кои го признааа опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за претседател, а посебно остра критика упати кон шпанскиот премиер Педро Санчез.
Пентагон има намера да испрати 3.750 војници на границата со Мексико, како засилување на веќе распоредените сили кои им помагаат на граничните и царински служби на САД, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Пристапноста до објектите од јавен интерес, е една од главните битки на лицата со попреченост во цел свет. И додека во нашиот регион таа борба е заглавена на самиот почеток, а нивните претставници сѐ уште бараат пристапни улици, паркинзи и болници, историскиот град во Јужна Америка, Мачу Пикчу сега може да го посетуваат и лица во ортопедски колички.
Кина утре го прославува почетокот на Годината на свињата, а за најмладите тоа ќе биде посебна можност да погледнат нова епизода од популарниот британски цртан „Прасето Пепа“ со наслов „Прасето Пепа ја слави кинеската Нова година“.
Двојник на филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска присуствуваше на миса во филипинска црква во Хонг Конг, што предизвика извесна доза ентузијазам меѓу верниците, но и збунетост.
Бројот на Швеѓаните кои купуваат аудио-книги, за само две години се зголемил речиси двапати: во 2016 година тој изнесувал 20 отсто од вкупното население, а изминатата 2018 година – 37 отсто. Истражувањата покажуваат дека тој раст најмногу се должи на новиот тренд – Швеѓанките сѐ повеќе сакаат да ја искусат сензуалната аудио-книжевност.
Поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон денеска ја обвини Европската унија за двојни стандарди, бидејќи сака да го признае Хуан Гуаидо за легитимен времен претседател на Венецуела, а во исто време го игнорирала неговиот обид за прогласување независност на Каталонија.
Европската унија смета дека големите компаниии сопственици на социјалните мрежи ги зајакнале своите напори за отстранување на говорот на омраза на интернет.