При пожар што избувна во една од зградите на Центарот за истражување на Вселената загинаа тројца научници, изјави иранскиот министер за телекомуникации Мохамад Џафад Азари Џахроми.
Француската министерка за европски работи Натали Лоазо денеска изјави дека Париз ќе го признае опозицискиот лидер Хуан Гуаидо како привремен претседател на Венецуела ако претседател Николас Мадуро до вечер не распише избори.
Британската премиерка Тереза Меј останува одлучна да го примени Брегзит во закажаниот рок, 29 март, наведувајќи дека ќе продолжи да бара од Брисел отстапки за договорот при разделувањето, и покрај категоричното одбивање на Европската унија повторно да преговара.
Францускиот претседател Емануел Макрон сѐ повеќе размислува за организирање референдум за решавање на кризата предизвика од протестите на „жолтите елеци“, кој би можел да се одржи на 26 мај, за кога се закажани изборите за Европскиот парламент, пишува денеска весникот „Журнал ди Диманш“ .
Американскиот претседател Доналд Трамп го именуваше својот поранешен лекар Рони Џексон, како асистент и главен медицински советник, соопшти портпарол на Белата куќа.
Британските власти ги обновија плановите од Студената војна за преселување на кралското семејство во случај на немири во Лондон поради „нерегулиран излез” на Британија од ЕУ следниот месец, објавија британски медиуми.
Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас изјави дека би сакал Велика Британија да се откаже од Брегзит иако смета дека таков исход е малку веројатен.
Пожарникари спасија околу 200 луѓе кои вчера беа блокирани на автопат во Италија заради лошото време.
Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо ја повика синоќа повторно армијата да му се спротивстави на претседателот Николас Мадуро.
Вашингтон веќе ја информирал Москва преку писмо за условите за повторно покренување преговори со Русија за Договор за нуклеарните сили од среден дострел, јави Тасс повикувајќи се на неименувани официјални претставници од Советот за национална безбедност на Белата куќа.