Гувернерот на сојузната држава Вирџинја, Ралф Нордам, е соочен со јавни осуди и повици за оставка откако синоќа беше објавена негова расистичка фотографија од студентски дипломски албум.
Поранешниот претседател на Франција, социјалистот Франсоа Оланд признава дека „сигурно” сноси дел од одговорноста за гневот изразен од страна на движењето на „жолтите елеци“, во интервјуто за белгискиот дневен весник Ле Суар, јавува дописникот на МИА.
Централноафриканската република и 14 вооружени групи од таа земја денеска постигнаа мировен договор, соопштија Обединетите нации.
Илјадници стари Шпанци протестираа денеска во центарот на Мадрид, барајќи поголеми пензии.
Турската телевизија ТРТ Хабер објави видео од местото каде што беа пронајдени три германски подморници.
Чешката Народната банка го прослави 100-тиот роденден на националната валута круна со издавање на огромна златна монета тешка 130 килограми и со дијаметар поголем од половина метар.
Неколку илјади луѓе се собраа денеска во Париз на протестот на „жолтите елеци”, а собирот го предводеше Жером Родриг, познат како еден од лидерот на движењето, кој минатата недела беше тешко повреден во око.
Генаралот на воено воздушните сили на венецуелската армија, Франциско Јанез, го призна Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела. Генералот ова денеска го објави преку видео порака на Твитер.
САД почнаа подготовки за производство на проектили со среден и мал дострел, две години пред да ја обвинат Русија за кршење на договорот за забрана на производство и распоредување на овие ракети, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
САД и Северна Кореја, најверојатно, ќе го продолжат дијалогот во пограничното село во тампон-зоната меѓу двете Кореи, Панмунџом, изјавија за јужнокорејски медиуми извори запознаени со ситуацијата.