Во Белгија деца изостануваат од училиште веќе четврта недела за да се приклучат на протестите, на кои се бара поостра акција против климатските промени.
Во воз со голема брзина Те-Же-Ве, што сообраќаше на линијата меѓу Стразбур и Париз, се роди бебе, јави дописникот на МИА.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека испраќа подготвителен тим за следниот самит на претседателот на САД, Доналд Трамп и неговиот севернокорејски колега Ким Џонг-ун, кој треба да се случи кон крајот на февруари.
Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант, призна дека излезот на Велика Британија од ЕУ ќе мора да се измени ако преговорите за разделување се одолговлечат до крајот на март.
САД најверојатно нема директно да учествуваат во евентуална воена интервенција во Венецуела, изјави денеска амбасадорот на Венецуела во Русија, Карлос Рафаел Фариа Тортоса.
Спорното прашање за името на Македонија треба да се реши на начин прифатлив како за Скопје, така и за Атина, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова. На брифинг за новинарите во Москва, таа повторно обвини за мешање на западните земји во решавањето на спорот, како што наведе, со единствена цел да го внесат Скопје во НАТО.
Европскиот суд за човекови права не ја прифати жалбата на бискупот Ричард Вилијамсон, кој ја оспори неговата пресуда во Германија за негирање на постоењето на Холокаустот во интервју за шведски телевизиски канал, јави дописникот на МИА.
Според првичните резултати во четвртиот квартал, економијата на Италија влезе во рецесија, што воедно е првпат по 2013 година некоја земја на ЕУ толку да потоне.
Европскиот парламент усвои резолуција со која го признава Хуан Гуаидо како легитимен привремен претседател на Венецуела, јави дописничката на МИА од Брисел.
Истражувањето на агенцијата Галуп, спроведено во 57 земји низ целиот свет, покажува дека германската канцеларка Ангела Меркел е најпозитивно оценет лидер вo светот за 2018 година.