Поглаварот на Католичката црква, папата Франциско денеска одржа миса пред околу 700.000 лица во Панама Сити, со што официјало заврши неговата неколкудневна посета на Панама.
По протестите на „жолтите елеци“, денеска во Париз се одржа и собир на „црвените шамии“, кои бараат да „прекин на блокадите“ и „ззпирање на насилството“ во земјата и на кои во маршот низ париските улици им се придружија граѓански здруженија и „сините елеци“.
Бразилските власти донесоа одлука за времен прекин на потрагата по преживеани по трагедијата предизвикана во петокот по попуштањето на рударска брана во близина на местото Виља Феретко, поради опасност од пукање и на втора брана во истиот рудник за железна руда.
Во Санкт Петербург одржана е воена парада по повод 75-годишнината од падот на нацистичката опсада во Втората светска војна на тогашниот Ленинград.
Руската компанија „Космокурс“ која гради брод за приватни летови во орбитата, планира да изгради космодром во централниот дел на Русија, наведе Павел Пушкин, генералниот директор на компанијата.
Новиот специјален претставник на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за политичката криза во Венецуела е добро познат во јужноамериканските кругови – од признавањето на вината за прикривање информациите за аферата Иран-Конра за неговиот обид да се дискредитираат сметките за масакрот на речиси 1.000 луѓе од воен батаљон во Ел Салвадор обучен од американската армија.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД сериозно ја разгледуваат можноста за постигнување на мир во Авганистан и повлекување на трупите од земјата.
Владата на Венецуела дозволи диполоматите на САД да останат во земјата додека траат преговорите меѓу двете страни, но не подолго од 30 денови.
Најмалку 68 лица загинаа, а илјадници ги напуштија нивните домови поради поплавите и свлечиштата на индонезискиот остров Сулавези, соопштија локалните претставници.
Експлозијата што синоќа изби во кафуле во рускиот град Саратов, при што едно лице загинаа а 22 беа повредени, била предизвикана од истекување на гас.