Франција, Германија и Шпанија денеска најавија дека ќе го признаат Хуан Гуаидо за легитимен времен претседател на Венецуела, доколку властите во Каракас во рок од осум дена не објават план за одржување нови избори, јави ДПА.
Три акварели насликани од германскиот нацистички лидер Адолф Хитлер ќе се најдат на аукциска продажба во Берлин.
Дневниот весник „Иманите“, близок до Француската комунистичка партија, кој подолго време се соочува со големи финансиски потешкотии, се најде во ситуација на целосно празни сметки, поради што е ставен под заштита на трговскиот суд, јави дописникот на МИА.
„Жолтите елеци“ за денеска, 11-та сабота по ред, најавија нови протестни собири низ Франција, што треба да покажат дали националната дебата за излез од кризата предизвикана од протестите, најавата за нивно учество на европските избори и контрасобирите на „црвените марами”, доведоа до поделби во движењето, кое се повеќе е стихијно, отколку организирано.
Најмалку двајца припадници на иранските безбедносни сили се убиени денеска при вооружен напад во провинцијата Хузестан во западниот дел на Иран, близу границата со Ирак.
Најмалку девет лица загинаа, а речиси 300 други се водат како исчезнати по пукањето на рударска брана во југоисточниот дел на Бразил, соопштија денеска бразилските власти.
Германската владина Комисија за јаглен рано изутринава донесе одлука да предложи целосен прекин на користењето на овој енергенс во Германија до крајот на 2038 година, јави ДПА.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа го именуваше Елиот Ејбрамс за пратеник за „повторно воспоставување на демократијата“ во Венецуела.
Суд во Флорида синоќа реши да го ослободи од притвор уапсениот поранешен политички советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Роџер Стоун, со каупција од 250.000 долари.
Најмалку седум лица загинаа, а околу 200 други се водат како исчезнати по пукањето на рударска брана во југоисточниот дел на Бразил, соопштија бразилските власти.