Најновите археолошки ископувања во Израел, на подрачјa од Газа до Галилеја покажуваат дека последната позначајна колонија на Египетското Царство на фараоните – Канан исчезнала по побуна во којашто биле запалени некои од најважните египетски утврдувања во тој дел на Азија.
Воена интервенција на САД во Венецуела би претставувала катастрофално сценарио и Москва го предупредува Вашингтон да не презема такви чекори. Тоа го изјави денеска заменикот шеф на руската дипломатија Сергеј Рјабков за списанието Меѓународен живот.
Австралија веќе една недела е зафатена од бран екстремни жештини, со дневни температури кои достигнуваат до речиси 50 степени Целзиусови.
Лара Трамп, снаа на американскиот претседател Доналд Трамп има разбирање за 800.000 вработени во јавниот сектор кои не примаат плати поради блокадата на владата, но им укажува дека настанала ситуација поважна од кој било поединец.
„Ербас“ го оквалификува брегзит како „срамен“ потег и се закани дека ќе ја напушти таа држава. Производителот на авиони дури објави и специјален видео повик до Лондон за да не се повлекува од ЕУ без никаков договор.
Генералниот директор на британскиот канал Би-Би-Си разговарал со белгискиот премиер, Шарл Мишел, за можна преселба на таа престижна медиумска куќа во Белгија, јави дописничката на МИА во Брисел.
Генералниот секретар на ОН, Антониот Гутереш, ги повика венецуелските политички сили за дијалог за да се избегне катастрофа во земјата.
Кина го блокира пребарувачот „Бинг“ на Мајкрософт, објави „Њујорк тајмс“.
Германската владејачка партија ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел ја повика грчката опозициска партија Нова демократија да гласа за Договорот од Преспа во Парламентот на Грција. Договорот ја отвора вратата за прием на Македонија во НАТО од што корист ќе има и Грција, порачаа високи претставници на ЦДУ во апелот до Нова демократија, сестринската партија во Алијансата на европските народни парии.
Најбогатата држава со нафта во светот Венецуела е во тешка економска, веќе и во политичка криза. Сиромаштијата се повеќе се шири поради што околу три милиони жители ја напуштија Венецуела. Од вчера опозицијата сака да ги преземе работите во свои раце додека актуелниот претседател Николас Мадуро нема намера да ја предаде власта и вели дека има поддршка од армијата.