Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изрази надеж дека цела Европа ќе се обедини во поддршката за демократските сили во Венецуела.
Раководителот на Националниот економски совет при Белата куќа, Лоуренс Кедлоу денеска изјави дека блокадата на американската Влада негативно влијае на бруто домашниот производ на САД, јави „Си-Ен-Би-Си“.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати писмо до претседавачката на Претсавмичкиот дом, Ненси Пелоси, во кое порачува дека би сакал традиционалното годишно претседателско обраќање пред Конгресот, познато како „За состојбата на Унијата“, да го одржи на 29 јануари.
Во Украина во последните две години имаше повеќе од 170 напади врз новинари, изјави денеска претседателот на Украинската национална унија на новинари, Сергеј Томиленко.
Спикерот на венецуелското Национално осбрание, Хуан Гуаидо денеска се прогласи за вршител на должноста претседател на Венецуела.
Израелската Влада е подготвена да дозволи извоз на канабис во медицински цели, соопшти денеска Министерството за финансии на Израел.
Вулканот Попокатепетл во централниот дел на Мексико повторно се активира, исфрлајќи пепел и вжарени камења на височина до три километри во воздухот и облак од чад кој се движи кон блиските градови, соопшти денеска мексиканската служба за цивилна заштита.
Белата куќа не соопшти дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе стави вето на законот во Сенатот со кој ќе се одблокира работата на Владата до 8 февруари, при што би продолжиле преговорите околу неговото барање за изградба на ѕид на границата со Мексико.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека подобрувањето на односите меѓу Русија и Турција е лична заслуга на неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган, кој, според него, вложува голем труд и енергија за нивно унапредување.
Најголемата руска банка „Сбербанк“ очекува до 2022 година штетата за глобалната економија предизвикана од кибер нападите да изнесува од осум до 10 билиони (илјада милијарди) долари, изјави денеска заменик-извршниот директор на банката Станислав Кузњецов на Светскиот економски форум во Давос.