Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малики изјави дека Махмуд Абас е подготвен да се сретне со Бенјамин Нетанјаху ако Русија биде домаќин.
Амбасадите лоцирани во облакодер во Мадрид евакуирани се поради закана за поставена бомба.
Подготовките за состанокот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се во тек, но засега се уште не е познато каде и кога ќе се одржи средбата, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Со векови старите дрвени греди на покривот, каменот од надворешната страна од катедралата и готската архитектура значително го отежнувале гаснењето на пожарот во Нотр Дам, тврдат експерти.
Јавниот обвинител на Париз, Реми Хајтц денеска изјави дека пожарот што ја опустоши париската катедрала Нотр Дам бил предизвикан ненамерно, додавајќи дека „ништо не оди во насока на намерен чин”, јави дописникот на МИА.
Турција може да внесе корекции во техничките параметри на руските противракетни системи С-400, ако САД докажат постоење на закана од нив, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.
Работните зафати за обезбедување на црквата Нотр Дам во Париз, која беше делумно уништена во пожарот, ќе траат околу 48 часа, изјави денеска францускиот државен секретар за внатрешни работи Лоран Нунез, нагласувајќи дека спасувањето на катедралата се одиграло во рок од 15-30 минути.
Авганистанската Влада денеска го објави составот на нејзината делегација за преговорите со талибанските бунтовници посветени на изградба на мерки на доверба, предвидени за од 19 до 21 април во катарскиот главен град Доха.
Авион на германската Влада, без патници, принудно слета на берлинскиот аеродром Шенфелд, при што ја блокираше пистата и ги принуди ги надлежните да ги пренасочат сообраќајот.
Рускиот претседател Владимир Путин му предложи на францускиот колега Емануел Макрон помош од најдобрите руски експерти за обновување на катедралата Нотр Дам, која претрпе огромна штета во вчерашниот пожар што ја зафати црквата.