Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, се огласи со реакција по гласањето на британскиот парламент вечерва кој го отфрли Договорот за Брегзит, јавува дописничката на МИА од Брисел.
Припадници на терористичката група Ел-Шабаб денеска извршија напад врз луксузен хотел и комплекс во главниот град на Kенија, Најроби, и според полицијата има најмалку седум жртви.
Милиони луѓе во светот ја жртвуваат својата кариера и дел од својот живот поради грижа за свој близок, кој е беспомошен или стар и изнемоштен, а 25 отсто од нив се родени во 80-те и 90-те години.
Британската премиерка Тереза Мај доживеа пораз на клучното парламентарно гласање за нејзиниот договор со кој Велика Британија треба да ја напушти Европската унија.
Четириесет и седум пратеници изјавиле до моментот дека ќе го поддржат договорот на премиерката Тереза Меј за брегзит.
Италијанската полиција уапсила албански државјанин во чија гаража пронашла 830 клограми дрога.
Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин денеска изјави дека стратешкото партнерство помеѓу Турција и САД не треба да биде оптоварено со терористичка пропаганда.
Американската Влада ги зголеми за двојно проценките за штетите што економијата на САД ги трпи од делумната блокада на федералните органи, јави денеска „Си-Ен-Би-Си“.
Бројот на Американци кои се идентификуваат со либералната идеологија во изминатите 17 години пораснал од 17 отсто до 26 отсто, додека бројноста на демократски ориентираните кои за себе велат дека се либерали лани се зголемила до 51 отсто, покажува најновото социолошко истражување на Галуп.
Едни од најголемите музички ѕвезди во САД одлучија да го бојкотираат претстојното издание на „Супербол“. Повеќето од нив се приклучија на дел од локалните фудбалери, кои протестираат против полициската агресија, неправдата и насилството над афроамериканските граѓани во земјата.