Германските и холандските власти покренаа истрага за исчезнати бродски контејнери, а се претпоставува дека во дел од нив има опасни материи.
Севернокорејскиот дипломат Џо Сонг Гил, кој до скоро беше амбасадор во Италија, исчезна со својата сопруга, откако ја напушти Амбасадата во ноември, изјави пратеникот во јужнокорејскиот Парламент, Ким Мин-ки, повикувајќи се на податоци добиени од Националната разузнавачка служба.
Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во југозападниот дел на Јапонија, но не предизвика материјална штета и цунами.
Еден од неформалните лидери на Движењето жолти елеци, Ерик Друе синоќа е приведен во Париз поради организирање на протест без претходно да го пријави, јави дописникот на МИА.
Над 57 илјади мигранти пристигнале во Европа преку Шпанија во 2018 година, што претставува половина од вкупниот број мигранти кои пристигнале преку Медитеранското Море, соопшти Меѓународната организација за миграција (МОМ).
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во 2018 година користел приватни авиони за речиси половина од своите службени патувања ширум светот, пишува „Дејли Мејл“ повикувајќи се на официјални податоци.
Американската крајбрежна стража денеска ја прекина потрагата по членот на бродскиот екипаж, кој исчезна по избувнувањето пожар на брод кој превезуваше автомобили од Јапонија кон Хаваи.
Голем рибарски брод заринка на коралски остров во Пацификот, а Американската крајбрежна стража се обидува да спаси 24 члена на екипажот.
Меѓусебни обвинувања и пораки си упатија шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу и министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната во Авганистан е правата причина за распадот на Советски Сојуз.