Американскиот претседател Доналд Трамп изрази подготвеност за нова средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е прогласен за „најистакнат светски лидер“ во истражување во арапскиот свет, спроведено од медиумската групација Расдњуз, која има големо влијание меѓу Арапите.
Во железничка несреќа што се случи на мост во Данска загинаа шест луѓе, изјави претставник на Данската државна железница (ДСБ).
Бројот на загинати при уривање на станбен блок во рускиот град Магнитогорск се искачи на 16, откако под урнатините беа откриени уште три тела, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо во своето обраќање по повод освоениот трет мандат порача дека „единствената закана за Америка доаѓа од внатре“.
Новиот претседател на Бразил, ултрадесничарот Жаир Болсонаро положи заклетва како 38. шеф на државата.
САД и Израел ја напуштија Агенцијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) со образложение дека таа има предрасуди кон Израел.
Во Германија од вчера стапи во сила закон кој им овозможи на луѓето кои биолошки не се вклопуваат ниту во машки ниту во женски пол, да изберат трета опција во службените документи.
Кина не ја исклучува можноста за употреба на сила кон Тајван, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг, нагласувајќи дека земјата ќе биде повторно обединета.
Гувернерот на мексиканската држава Оахака, Алехандро Мурат го осуди убиството на градоначалникот на Тлаксиако, Алехандро Апарисио Сантјаго кое се случи веднаш по неговото стапување на должност.