Печатењето и дистрибуцијата на дневниот весник „Лос Анџелес тајмс“ и други американски весници, вклучително и изданијата на компанијата „Трибјун паблишиг“ како „Чикаго трибјун“ и „Балтимор сан“ е нарушено поради кибер напад.
Полицијата во Москва заплени околу 900 килограми шверцуван црн кавијар вреден приближно 720.000 долари, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за внатрешни работи, Јуриј Титов.
Најмалку седум луѓе загинаа во судири во Бангладеш додека граѓаните излегуваат на избори во државата во која предизборната кампања беше обележана со насилства.
Рускиот претседател Владимир Путин испрати денеска новогодишна порака до американскиот колега Доналд Трамп, нагласувајќи дека Москва е подготвена за дијалог за „широк спектар теми“.Путин го истакнува значењето на руско-американските односи како најважен фактор за гарантирање стратешка стабилност и меѓународна безбедност.
Еврото во вторник ќе наполни 20 години, временски период во кој преживеа голема криза и трајно се зацврсти на финансиските пазари и во европските паричници.
Најмалку 26 луѓе загинаа во поплави и лизгање на земјиште на Филипините. Повеќето жртви се во провинцијата Албај.
Италијанските пратеници прифатија синоќа ревидиран буџет за 2019 година според минатонеделниот договор со Европската комисија со што популистичката влада избегна казнени мерки на Бисел и ги смири финансиските пазари.
Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша закон со кој на 24 наутички милји се прошируваат морските граници на Украина.
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека Брисел не се обидва да ја задржи Британија во ЕУ и сака да почне да разгледува идни врски веднаш откако британскиот Парламент ќе го одобри брегзит.Тоа ќе го направи за да се фокусира на сопственото единство пред изборите во мај.
Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека имал долг и многу корисен телефонски разговор со својот кинески колега, Си Џинпинг, и дека напредуваат разговорите за трговскиот договор.