При ископувања на самиот песочен брег кај Стоун Харбор во Њу Џерси изминатиот викенд се појавија остатоци од брод, долги околу осум метри, за кој се верува дека е од 1886 година.
Европската Унија остро се спротивставува на барањето за протерување на својот амбасадор од Демократската Република Конго на барање на Владата во Киншаса.
Личните податоци на речиси илјада лица од Северна Корејка кои пребегнале во Јужна Кореја, беа цел на хакерски напад, соопштија денеска локалните власти. Во кибер нападот, хакирана е базата на податоци на Агенцијата за преселување.
Обвинителството на Анкара издаде налог за апсење на над 60 лица под сомнение дека се поврзани со терористичката група „Исламска држава“, јави ТРТ.
Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама е жената на која Американците најмногу и се воодушевуваат, покажуваат резултатите од ново истражување на Галуп.
Земјотрес со јачина од 5.8 степени по Рихтеровата скала денеска ја потресе источната индонезиска провинција Западна Папуа, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
Оваа година 63 новинари го загубија животот додека ја извршувале својата работа, а слободата на медиумите е во се поголема опасност, покажуваат извештаите на Комитетот за заштита на новинарите и Репортери без граници.
Зимска бура во САД предизвика одложување на илјадници летови, а стотици беа откажани.
Француските медиуми ја оквалификуваа како „скандал“ информацијата дека поранешниот телохранител на претседателот Емануел Макрон – Александар Бенала користел дипломатски пасош при деловни посети на Африка.
Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин изјави во интервју за весникот „Индипендент“ дека прашањето не е дали, туку кога неговата партија ќе спроведе гласање за недоверба на Владата, со цел да се обиде да предизвика предвремени избори.