Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша дека „кој било друг, освен него, да објавел дека планира да ја врати војската од Сирија, по уништувањето на Исламска држава во таа земја, ќе беше најпопуланиот херој во Америка“.
Новинарот на германскиот неделник „Шпигел“, Клас Релотиус, кој измислуваше информации за своите текстови, може да биде обвинет дека од читателите собирал донации за сиромашните во Сирија.
Сојузникот мора да биде сигурен, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во Нджамена, околу повлекувањето на САД од Сирија, одлука за која што „длабоко жали“, јавува дописникот на МИА.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор со неговиот американски колега Доналд Трамп му ветил дека „ќе ги уништи силите на Исламската држава“ во Сирија, јави ДПА.
Турските безбедносни сили уапсија денеска 22 лица, осомничени за поврзаност со движењето на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен.
Полицијата во шпанската автономна област Каталонија е во потрага по маж кој можеби планирал терористички напад во Барселона во празничните денови околу Божиќ, јави денеска весникот „Мундо“.
Една зграда во центарот на Сиднеј е евакуирана откако станарите слушнале крцкање, јавија локалните медиуми.
Најмалку четири кинески градови и еден цел регион забранија божиќни украси на улиците, христијанските цркви се предупредени да не пуштат деца за време на божиќните празници, а најмалку 10 училишта низ целата земја забранија во нивните објекти да се слави Божиќ.
Шест лица се повредени денеска кога еден маж со автомобил удрил во ѕид на Методистичката црква во Колумбус, каде во тек била утринската служба, при што го скришил витражот на прозорците на црквата.
Британската премиерка Тереза Меј го прекина божиќниот одмор на членовите на нејзината Влада и објави дека ќе ги повика на вонредна седница на 2 јануари во врска со се почестите најави за „тврд Брегзит“ (напуштање на ЕУ без договор).