Турски воени авиони во текот на вчерашниот ден вкупно 110 пати го прекршиле грчкиот воздушен простор, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на информации од Генералштабот на Армијата на Грција.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа изјави дека знаел за одлуката за повлекување на американските сили од Сирија.
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека остро се спротивставува на „клеветничките“ обвинувања за економска шпионажа од страна на САД и нивните сојузници.
Намерата на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на поголем дел од силите на САД од Авганистан, е причина за најавената оставка на секретарот за одбрана Џејмс Матис, тврдат американските медиуми.
Бројот на загинати во експлозијата во рудникот за јаглен во Чешка се зголеми на 13 жртви, јави националната информативна агенција.
Тоа беше вообичаено прашање на судењето преполно со суровост и страдања кои за време на четиригодишното брутално владење Црвените Кмери му го нанесоа на народот во Камбоџа.
Јапонската Влада одобри рекорден буџет за одбрана, зголемен за 12 проценти во следните седум години со цел Токио да може да му спротистави на растечката воена моќ на Кина во Источно Кинеско Море и да се заштити од заканата на севернокорејските балистички ракети.
САД ќе останат ангажирани за целосното уништување на џихадистичката група Исламска држава (ИД) и ќе проодлжат да инсистираат на повлекувањето на проиранските сили од Сирија. изјави политичкиот координатор при американската Мисиија во ОН, Родни Хантер.
Осомничен француски џихадист, поврзан со нападот врз сатиричен неделник „Шарли ебдо“ во Париз пред три години, уапсен е во Џибути.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков синоќа изјави дека ако САД распоредат ракетни системи во Европа тоа би значело крај на Договорот за нуклеарно оружје со среден дострел (ИНФ), Русија ќе мора да ги насочи своите ракети кон тие системи.