Левоцентристичката Влада на Романија денеска го „преживеа“ гласањето недоверба во Парламентот, јави Аџерпрес.
Годишната конференција за медиуми на рускиот претседател Владимир Путин, траеше три часа и 43 минути, и за тоа време тој одговори на 53 прашања на новинари.
Стотици автобуси денеска, на неколку часови, го блокираа сообраќајот во Рим, во знак на протест поради планот на градските власти на автобусите да им забрани пристап во центарот на градот заради намалување на загадувањето и бучавата.
Рускиот претседател Владимир Путин на својата годишна прес-конференција изјави дека е подготвен да го запази договорот со Украина за заедничка употреба на Азовското Море.
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ја бранеше својата одлука за повлекувањето на американските војници од Сирија, откако беше критикуван од поединечни републиканци, а загриженост изразијаи дел од воените команданти и американските сојузници.
Драстичната промена на курсот на САД е изненадувачка и ризикува да направи штета во борбата против Исламска држава, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас, по одлуката на САД да се повлечат од Сирија.
Претседателот на САД, Доналд Трамп испрати писмо до албанскиот премиер Еди Рама по протерувањето на иранскиот амбасадор во Тирана, Голамхошеин Мохамадниа и уште еден дипломат, под обвиние „за терористички заговори на територија на Албанија“.
Низа нарушувања на грчкиот воздушен простор од страна на турски воени авиони регистрирани се денеска, по посетата на министерот за одбрана Панос Каменос на островот Кастелоризо, објавија грчките медиуми.
Претседателот на Русија Владимир Путин денеска, на годишната прес-конференција во Москва, изјави оти верува дека човештвото има доволно здрав разум да избегне нова светска војна.
Си-Ен-Ен соопшти дека одзема две награди, кои во 2014 година му ги доделила на германски новинар за кого се дозна дека ги фалсификувал своите статии.