Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопес Обрадор си ја намали првата плата за една третина, како дел од владините строги мерки за штедење.
Протестите против измените на Законот за труд во Унгарија се намалија после шест дена, а опозициските пратеници соопштија дека ќе продолжат по божиќните празници.
Најмалку 600 дрвени куќи се уништени во пожар во градот Манаус во бразилската сојузна држава Амазонас.
Италија постигна договор со Европската комисија за оспоруваниот буџет за 2019 година, соопшти портпарол на италијанското Министерство за економија.
Белгискиот премиер Шарл Мишел денеска во парламентот соопшти дека поднесува оставка од функцијата и најави дека за тоа ќе го информира и кралот.
Концесионерот на француските автопатишта „Винчи“ најави дека ќе им испрати фактури на сите возачи кои поминале низ отворените наплатни рампи без да платат патарина за време на протестите на „жолтите елеци“, јави дописникот на МИА.
Членовите на француското протестно движење „жолти елеци“ денеска ги болкираа наплатните рампи на автопатите во Франција, предизвикувајќи застои и хаос по патишта во пресрет на божиќните празници.
„Фондацијата Трамп“ се согласи да се самораспушти и ќе биде под судски надзор, е резултатот од денеска постигнатиот договор меѓу организацијата и судските власти.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска изјави дека е опимистка околу европската иднина на Србија, додавајќи дека земјата во соработка со Брисел, може уште побрзо да напредува на патот кон ЕУ.
Британската Влада на денешната седница донесе одлука нејзин „работен приоритет“ да биде засилување на подготовките за можен излез на Велика Британија од Европската Унија без договр, во услови кога мнозинството од пратениците во Парламентот во Лондон се противат на постигнатиот Договор за Брегзит.