ОН планираат да ја засилат борбата со причинителите на загадувањето со пластични маси, кои ги засега жителите на целата планета, изјави претседателката на Генералното собрание на Светската организација, Марија Фернанда Еспиноза.
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека Договорот што го постигна со ЕУ за Брегзит, а кој Парламентот допрва треба да го одобри, не е совршен, но е „најдобриот можен“ договор.
Земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Тихиот Океан во близина на француската прекуморска територија Нова Каледонија, по што е издадено предупредување за можна појава на цунами.
Поранешниот американски претседател Џорџ Буш имал Паркинсонова болест, и имал лабрадор кој бил обучен да му отвори врата, да собере некои предмети или да повика помош.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ги отфрли тврдењата на САД дека Русија го крши Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ).
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска постави ултиматум од 60 дена за Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ).
Израелците денеска ширум земјата протестираа поради неадекватниот одговор на Владата на насилството врз жените.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на крајот на првиот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, ја повика Русија за последен пат да престане да го крши Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) од 1987 година.
НАТО формално ја обвини Русија за кршење на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) од 1987 година.
Белгиските „жолти елеци” подготвија листа на барања, кои имаат намера да ги презентираат на протестот в саботата во Брисел, објавија локалните медиуми.