Кина ќе им дозволи на странските инвеститори пристап до кинескиот пазар и ќе ја засили заштитата на интелектуалната сопственост, најави во Мадрид кинескиот претседател Си Џинпинг.
Украинскиот претседател Петро Порошенко во интервју за Ен-Би-Си Њуз изјави дека има порака за шефот на руската држава Владимир Путин, која би сакал лично да му ја пренесе неговиот американски колега Доналд Трамп за време на претстојниот Самит на Г-20 во Аргентина.
Миноловецот „Вицеадмирал Захарин“ на Воената морнарица на Русија се упати од Црното кон Азовското Море, јавија западни медиуми.
Петмина работници се затрупани под остатоците од бетонски ѕид, што се уранал денеска при изградбата на надвозник на автопат близу градот Гебзе во северозападниот турски округ Коџаели.
Руската полиција претпладнево евекуираше неколку илјади лица од 10 трговски центри во Москва, поради добиени закани за поставени бомби во нив.
Властите во австралиската сојузна држава Квинсленд денеска прогласија евакуација на околу 8.000 лица, поради пожарите што беснеат во тој дел на Австралија.
Републиканската кандидатка за сенатор во американската сојузна држава Мисисипи, Синди Хајд-Смит победи на вчерашниот втор круг од изборите, со што мнозинството на републиканците во Сенатот на САД се зголеми на 53 члена.
Русија драстично го засили своето воено присуство на границата со Украина, изјави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко.
Постои опасност еден милион деца – жртви на конфликтите на Блискиот Исток, престојнава зима да живеат во незагреани просториим поради недостиг на средства, предупртеди денеска Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).
Фејсбук уште во 2014 година знаел за „потенцијално злонамерните“ активности на Русија на оваа социјална мрежа, далеку пред обелоденувањето на ваквите сознанија, изјави претседателот на британската парламентарна Комисија за информациски технологии, култура и медиуми, Дејвид Колинс.