Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска ги повика Русија и Украина да покажат „максимална воздржаност” и да избегнат натамошно влошување на тензиите по конфронтацијата на Црното Море.
Во експеримент кој во многу држави би бил незаконски, кинески научници создадоа генетски модификувани бебиња, и тоа се случува првпат во историјата.
Микробиолози од НАСА соопштија дека во тоалетите на Меѓународната вселенска станица првпат се откриени пет вида бактерии отпорни на антибиотици и потенцијално опасни за луѓето.
Карин Кнајсел, министерка за надворешни работи на Австрија, земја претседавач со ЕУ, по актуелните настани во Украина изјави дека нови санкции против Русија не се исклучени.
Еден од најблиските сојузници на британската премиерка Тереза Меј, поранешниот министер за одбрана Мајкл Фалон, денеска соопшти дека во Парламентот нема да го поддржи договорот за Брегзит.
Стотици лица се евакуирани поради шумските пожари, предизвикани од топлотниот бран во Австралија. Во огнената стихија уништени се најмалку четири куќи и околу 20.000 ари (1 ар =100 метри квадратни) шуми и фарми се уништени
Суд во Милано ги разгледува обвинувањата за корупција против европските нафтени компании „Ени“ и „Шел“ во контроверзен договор со Нигерија.
Украинските морнари, кои во неделата беа задржани од руската војска поради наводно повредување на руската граница во областа на Керченскиот Теснец, ќе бидат пренесени во Симферопол, мал град на полустровот Крим.
Американскиот произведувач на возила Џенерал Моторс (ГМ) планира да го запре производството во осум фабрики до крајот на 2019 година, од кои пет се во Северна Америка. Со тоа без работа ќе останат 14 илјади лица.
Барањето на Русија за итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Азовското Море, под премисата дека Украина наводно ја повредила руската граница е одбиено и тоа покажува дека никој не и верува на Русија, изјави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко.