Поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе се наоѓа во лоша здравствена состојба и повеќе не може да се движи, потврди актуелниот шеф на државата Емерсон Мнангагва.
Најмалку 100 цивили се повредени при извршениот напад од страна на бунтовниците со отровен гас врз сирискиот град Алепо, објавија државните медиуми.
Лидерите на 27 земји-членки на ЕУ денеска ќе се состанат на вонреден Самит во Брисел, со кој ќе се потврди договорот за напуштање на Велика Британија и ќе биде усвоена политичката декларација за идните односи меѓу двете страни.
Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтерова скала е регистриран во Карипско Море, покрај бреговите на Колумбија и Никарагва, соопшти американскиот Геофизички институт.
Две спротивставени групи демонстранти и полицијата се судрија денеска во центарот на Базел.
Брачна двојка од Луизијана, чистејќи го својот стан пред Денот на благодарноста, пронајде добитно ливче од лотарија.
Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави денеска дека Владата на премиерката Тереза Меј ќе направи „историска грешка“ доколку го спроведе својот план за Брегзит.
Бројот на народни претставнички во турскиот Парламент не е доволен, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Шпанија се договори со ЕУ за Гибралтар, со што се отвора патот за непречено одржување на утрешната средба на врвот во Брисел, на која треба да се одобри договорот со Велика Британија за Брегзит и да биде усвоена политичка декларација за идните односи меѓу двете страни.
Претседателката на Тајван Цај Ингвен се повлече денеска од лидерското место во владејачката Демократска прогресивна партија по големиот пораз на локалните избори.