Откако саудиските власти во саботaта соопштија дека саудискиот новинар Џамал Кашоги е убиен во тепачка во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, дел од западните држави побараа да се стопира продажбата на оружје за Ријад.
Европската Комисија најави дека ќе распредели 7,3 милиони евра во Демократска Република Конго во рамки на борбата против вирусот ебола. Со овие дополнителни фондови, вкупниот износ на европски пари во оваа борба достигнува 12,8 милиони евра, јавија прес службите на Европската Комисија.
Големо мнозинство од Германците сакаaт да се укине сегашниот систем за промена на сметањето на времето два пати годишно, покажуваат резултати од анкета објавени денеска.
Турскиот весник „Јени шафак“ денеска објави дека саудискиот принц Мухамед бин Салман телефонски разговарал со саудискиот новинар Џамал Кашоги, непосредно пред тој да биде убиен и наводно распарчен во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.
Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговарал со американскиот претседател на кого му го нагласил значењето на договорот за нуклеарно оружје од периодот на Студената војна, за кој Трамп најави повлекување на САД.
Канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа изјави дека по убиството на новинарот Џамал Кашоги не е исклучено Отава да го прекине извозот на оружје за Саудиска Арабија.
Саудиска Арабија нема да ја користи нафтата како политичко средство во спорот со Западот во врска со смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги и енергетската политика на државата ќе биде насочена кон стабилност на глобалниот пазар.
Белгиските власти размислуваат повторно да го стопитраат извозот на оружје воСаудиска Арабија, овој пат поради убиството на новинарот Џамал Кашоги.
Во пресрет на годишната евалуација на Европската Комисија за буџетите на земјите членки на ЕУ, еврокомесарот за економски прашања, Пјер Московиси, изјави за француско радио дека Брисел не сака криза со Италија, чиј нацрт-буџет не ги исполнува европските критериуми.
На само 50 метри од западниот брег на Турција, во близина на Бодрум, се преврте чамец со бегалци и мигранти и најмалку две лица го загубија животот, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на информации од турската крајбрежна служба.