Бројот на загинати во разорниот ураган Мајкл, што ги погоди американските сојузни држави Флорида, Џорџија, Северна Каролина и Вирџинија, денеска се искачи на 12, а властите стравуваат дека бројот на жртви најверојатно ќе расте.
Локалната милиција во североисточна Нигерија, која се бори против екстремистичката исламистичка организација Боко Харам, денеска ослободи 833 деца-војници, соопшти УНИЦЕФ.
Турски суд денеска донесе одлука да го осуди на тригодишна затворска казна американскиот пастор Ендрју Брансон, но тој се очекува во САД во следните 48 часа.
Интернет страницата на ултра десничарскиот политичар Штефан Репле од Алтернатива за Германија (АфД), преку која учениците ги поткажуваа наставниците за кои ќе проценат дека претерано изразуваат левичарски политички ставови, денеска по покренувањето беше цел на хакерски напад.
Мировните сили во Либан помогнаа во спасување на 32 мигранти, кои преку Медитеранот настојувале да стигнат до Кипар, соопштија денеска силите УНИФИЛ.
Турски суд денеска го осуди на три години затвор американскиот пастор Ендрју Пастор и воедно ја укина казната за домашен притвор и забраната за патување, јави Анадолија.
Германија ја продолжи привремена контрола на границата со Австрија за десет месеци поради загриженоста дека надворешните граници на ЕУ не се доволно заштитени, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи.
Во лизгањето на земјиштето во Уганда, предизвикано од поројните дождови загинаа повеќе од 30 лица, јави Би-Би-Си.
Во интервју за францускиот весник „Ле Монд“, претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер, кој доаѓа од редовите на Европската Народна Партија (ЕПП), смета дека на унгарскиот премиер, Виктор Орбан и неговата партија не им е повеќе местото во оваа политичка група.
Француското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека побарало од саудиските власти да понудат транспарентни и детални одговори за судбината на новинарот Џамал Кашоги, кој исчезна по посетата на Конзултатот на Саудиска Арабија во Истанбул пред повеќе од една недела.