Германија не исклучува долгорочно присуство на нејзините Вооружени сили во регионот на Блискиот Исток, изјави денеска германската канцеларка Урсула фон дер Лејен за време на посетата на воздухопловната база „Азрак“ во Јордан.
Албанската и нигериската мафија доминираат меѓу странските криминални групи што дејствуваат на италијанска територија, изјави италијанскиот јавен обвинител за борбат против мафијата и антитероризам, Федерико де Рахо.
- Самите Унгарци и Полјаци подобро можат да реагираат на можните закани по демократијата (во нивните земји), отколку пратениците во Европскиот парламент или службениците во Брисел, изјави Бабиш во интервју за весникот „Право“.
Најмалку 12 лица загинаа во поплавите и свлечиштата на Филипините, предизвикани од тајфунот Мангхут, соопштија денеска филипинските власти, изразувајќи стравување дека конечниот биланс на жртвите може да биде поголем.
Тропската бура Флоренс, што ги погоди крајбрежните региони на американските сојузни држави Северна и Јужна Каролина, продолжи да слабее, соопшти денеска Националниот центар за урагани на САД.
Италијанската полиција на крајбрежјето кај Виесте заплени моторен чамец натоварен со два тона марихуана. Во акцијата се уапсени двајца Албанци.
Мексиканската полиција пронашла шест отсечени глави во пластичен замрзнувач покрај пат во северниот дел на Максико.
Во текот на годинава од европските земји се депортирани 520 Авганистанци, чии барања за азил се одбиени.
Индиската војска уби пет бунтовници во Кашмир, поради што се организирани протести.
Група мигранти, кои чекале депортација од Австрија, ја запалиле ќелијата во која се наоѓале. Неколкумина се повредени при пожарот.