Иако терапијата се нарекува „вакцина против рак“, разликата во однос на другите класични вакцини е што таа се аплицира на луѓе кои веќе се болни.
По натпреварот, на улиците на Филаделфија излегле илјадници фанови, а според фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи, настанале и нереди и судир со полицијата. На улиците биле испратени и специјални тимови на полицијата.
За време на посетата на Аргентина, Тилерсон додаде дека целта е да се изврши притисок за да запре кризата во таа јужноамериканска земја.
Државјаните на Еквадор на вчерашниот референдум се изјаснија за ограничување на два претседателски мандати, покажуваат првичните резултати соопштени од Националниот избирачки совет.
Без компромис за името балканската стратегија на ЕУ може да пропадне, смета поранешниот премиер и шеф на дипломатијата на Шведска Карл Билд. Според него, за да се реши спорот за името неопходен е ангажман на моќните држави од ЕУ и институции.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој утре ќе ја посети Италија, во интервју за италијанскиот весник „Стампа“, ги отфрли сите опции освен пристапот на Турција во ЕУ, отфрлајќи го францускиот предлог за партнерство.
Околу илјада приврзаници на поранешниот грузијски лидер и поранешен гувернер на украинската Одеса Михаил Сакашвили денеска организираа протест во центарот на Киев, барајќи промена на власта во државата.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека не е сигурна кога ќе завршат преговорите меѓу претставниците на нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ), сестринската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД), за состав на нова владејачка коалиција.
Безбедносните сили на Турција во Анкара го привеле „министерот за информации“ на екстремистичката организација Исламска држава, јави телевизијата „Хабертурк“.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на повик на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско денеска ќе отпатува во дводневна официјална посета на Ватикан.