Европската комисија денеска предложи воведување на доброволни правила за дејствување за онлајн платформите и медиумите во борбата со дезинформациите. Комисијата истакна дека ако овој предлог се покаже како недоволен, подготвена е да презентира и законски промени.
Францускиот милијардер и бизнисмен Винсент Болоре е обвинет за корупција кон странско официјално лице и измама.
Убиствата на новинарите се структурни недостатоци на државните институции кои требало да ги заштитат и ваквата ситуација ги загрозува новинарите, исто како што ја загрозува демократијата, порачува Комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ.
Поранешниот полицаец Џозеф Џејмс Де Анџело уапсен е под сомнение дека во 70-тите и 80-тите години од минатиот век ширум Калифорнија извршил најмалку 12 убиства и 45 силувања.
Инспекторите на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) посетија и другата локација во сирискиот град Дума.
Турскиот суд вчера осуди 14 новинари вработени во весникот „Џумхуриет“ на затворски казни под обвинение за тероризам, додека тројца се ослободени.
Повеќе од 3.600 тони храна и 9,7 милиони литри напитоци се отстранети од потрошувачкиот пазар за време на заедничката акција на Интерпол и Европол, насочена против храна и пијалаци што се шверцуваат или не ги исполнуваат условите.
– По деталната анализа на собраните парчиња од ракетите, кратерите и уништувањата, заклучокот е дека максимум 22 од 105-те ракети, погодиле објекти во целната област, вели Рудској.
Филипините најавија дека ќе дозволат 10 блокчејн и крипто валути слободно да се тргуваат во нивната економска зона, при што организаторите на овие дигитални валути ќе можат да добијат и посебни даночни олеснувања.
Цената на нафтата денеска изнесуваше околу 74 долари за барел, што претставува пад, но сепак е една од највисоките цени во изминатите три години.