Илјадници Суданци и денеска побараа оставка од претседателот Омар Башир со протести во голем број населби во главниот град Картум, инфомираа активисти.
Заложниците, кои беа задржани при денешниот обид за грабеж на филијала на „Уникредит“ банка во чешкиот град Прибрам, се ослободени, изјави портпаролката на полицијата Моника Шиндлова.
При експлозија на бомба поставена на пат во близина на Пирамидите во Гиза загинаа најмалку две лица, јави германската новинска агенција ДПА.
Москва и Лондон постигнаа договор за постепено враќање на персоналот во дипломатските мисии од јануари 2019 година, најави рускиот амбасадор во Велика Британија, Александар Јаковенко.
Вооружен маж држи најмалку осум лица како заложници во филијала на „Уникредит“ банка во чешкиот град Прибрам.
Колин О Брејди стана првиот човек кој сосема сам го помина Антарктикот, по последната етапа која траела 32 часа.
Германската канцеларка и претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска побараа од Русија да ги ослободи украинските морнари кои ги зароби заедно со три бродови минатиот месец.
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска се закани дека ќе ја затвори границата со Мексико, ако конгресмените демократи не одобрат финансирање на граничниот ѕид.
Авантуристот Жан-Жак Савин (71) од Франција има намера да го преплива Атлантскиот Океан во портокалова дрвена капсула во облик на буре, користејќи ја само моќта на морските струи.
Во текот на годината која изминува, светот се соочи со голем број терористички напади, природни катастрофи, разрешувања и назначувања, избори и протести, договори и преговори. Во продолжение преглед на поважните настани за кои информираше МИА.