Претседателот на Европската народна партија, ЕПП, Жозеф Дол, ја повика опозицијата во Македонија на одговорност пред гласањето во Собрание.
Вашингтон објави награда од пет милиони долари за информација која ќе доведе до заробување на Халед Батарфи, лидер на Ал Каеда.
Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин денеска изјави дека нема да присуствува на инвестициската конференција во Саудиска Арабија закажана за следната недела, поради тоа што американската администрација се уште чека исход од истрагата за исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги.
Метеоролошкиот сервис Акуведер (AccuWeather) ја објави сезонската прогноза за Европа според која се очекува топла и сушна зима.
Францускиот претседател на Франција, Емануел Макрон денеска ги негираше наводите на британските медиуми дека Франција се подготвува да воведе визи за Британците во случај Европска унија и Велика Бритнија да не постигнат договор за Брегзит.
Премиерот на Јапонија Шинѕо Абе верува дека е невозможно потпишување мировниот договор со Русија пред да бидат решени територијалните спорови.
Во јужниот руски регион Краснодар се урна авион за обука Л-39, а двајцата пилоти се катапултираа, соопшти регионалната Служба за вонредни ситуации.
Претставникот на Обединетите нации за Блискиот Истокм Николај Младенов денеска го предупреди Советот за безбедност дека постои опасност од нов катастрофален конфликт во Појасот Газа.
Статусот на британската прекуморска територија Гибралтар по излегувањето на Велика Британија од Европска унија беше договорено со Лондон, изјави денеска премиерот на Шпанија, Педро Санчез.
Турската морнарица спречи грчка фрегата да малтретира турски брод во Средоземното Море, јави Анадолија, но без да соопшти други детали.