Членовите на Советот на Европската централна банка, при својот мартовски состанок, дискутирале за опасноста од американскиот трговски протекционизам, како и за запирањето на програмата на директно инвестирање во европските берзи.
Руските воени бродови ја напуштиле воено-морската база Тартус во Сирија поради безбедност, изјави руски пратеник.
Силно ја осудуваме употребата на хемиско оружје во Сирија, последниот случај беше застрашувачки. Тоа е закана за меѓународниот мир и безбедност, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска исклучи можност Германија да учествува во воени напади врз Сирија.
Полската Влада одобри за борбата со смогот, да вложи 8,8 милијарди долари до 2028 година за почисто затоплување, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
Поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија биле затруени со нервен агенс, соопшти денеска Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ).
Единствено Русија има „средства, мотиви и репутација“ за извршување на нападот со нервен агенс врз поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговара ќерка Јулија, изјави денеска шефот на британската дипломатија Борис Џонсон.
Францускиот претседател Емануел Макрон денска изјави дека постои доказ оти режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад употребил хемиско оружје при нападот врз Дума во саботата.
Се понеизвесно станува дали САД со воена акција ќе одговорат на наводниот хемискиот напад во саботата во сирискиот град Дума.
Американско воено летало од типот „Боинг Е-4Б Најтвоч“, познат како „Авион на Страшниот суд“, полета од воздухопловната база Рајт Петерсон во сојузната држава Охајо, објави сајтот СивМилЕр, чија специјалност е следење на полетите на воени и цивилни авиони.