Специјалниот пратеник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за Блискиот исток, Стив Виткоф, во ноември се сретнал со премиерите на Катар и Израел за да ги започне дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Газа и договор за ослободување на заложниците.
Во Велика Британија бројот на хоспитализирани пациенти поради грип е зголемен за повеќе од 350 отсто во споредба со истиот период минатата година, додека Националната здравствена служба (НХС) се соочува со „четирикратна епидемија“, јави денеска Скај њуз.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска го обвини Западот дека оркестрирал „нова студена војна“, која, како што оцени, се заканува да премине во „жешка фаза“, пренесе Бета повикувајќи се на руски медиуми.
Извршниот директор на германската компанија Мерцедес-Бенц, Ола Келенијус, на папата Франциск му подари нов „папамобил“, електрично кабриолет возило од Г-класа.
За време на посетата на Вашингтон, Сијарто изјави дека Унгарија „навива“ за новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, кој има за цел брзо да стави крај на војната во Украина.
Основачот на Амазон, Џеф Безос изјави дека е оптимист за вториот мандат на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп и верува дека тој би можел да придонесе за намалување на регулативите во земјата.
Природните катастрофи предизвикаа економски штети од околу 310 милијарди долари ширум светот оваа година, што е за шест отсто повеќе во однос на 2023 година, објави денеска гигантот за реосигурување Свис Ре.
Папата Франциск им порача на свештениците дека нивните проповеди не треба да траат подолго од десет минути „бидејќи луѓето може да заспијат“, јави Католичката новинска агенција.
Републиканците во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ќе имаат тесно мнозинство од 220 спрема 215, откако демократите освоија едно место во Калифорнија, според податоци на Едисон Рисрч.
Бројот на опасни производи пријавени од земјите на ЕУ е двојно зголемен во споредба со претходната година. Козметика, играчки, електрични апарати и облека беа меѓу производите со најмногу загриженост за безбедноста.