Екипата на Тампа Беј рано утрово го победи Далас старс во финалето на Стенли купот со 2:0 и со вкупни 4-2 во финалната серија го освои трофејот во НХЛ
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја одржа својата најкратка прес-конференција на Гренд-слем турнир во престолнината на Франција, бидејќи организаторите нагло ја прекинаа.
Шефилд Јунајтед е близу до привлекување на напаѓачот на Ливерпул, Рајан Брустер за 17 милиони фунти. 20-годишникот има желба да го напушти „Енфилд“ за да игра редовно.
Играчот за врска на Фиорентина, Кевин-Принс Боатенг се приклучи на Монца, чиј сопственик е поранешниот премиер Силвио Берлускони.
Раководството на Барселона формираше комисија за да ја испита можноста за гласање недоверба на сегашниот одбор на клубот и неговиот претседател Пеп Марија Бартомеу.
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека напорната програма ќе ги принуди да и дадат приоритет на попрофитабилната Лига на Европа пред Лига купот во обид да избегнат непотребни повреди. „Спарс“ утре го пречекуваат Челси во рамките на четвртото коло од Лига купот, два дена пред гостувањето на Макаби Хаифа во Северен Лондон во плеј-оф мечот од Лига Европа.
Валенсија е фаворит за потписот на дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани, тврди „Кадена Копе“. Италијанскиот шампион нема намера да се потпре на него.
Менаџерот на Челси, Френк Лампард, го бранеше Кепа Арисабалага од критиките за кои рече дека се нефер.
Иднината на Давид Алаба ќе биде разјаснета наскоро, увери спортскиот директор на Баерн Минхен Хасан Салихамиџиќ.
Фудбалскиот клуб Мајнц го замени тренерот Ахим Бајерлорцер откако клубот ги загуби првите два натпревари во новата сезона во Бундеслигата.