Репрезентациите на Белгија, Италија, Русија и на Полска неколку кола пред крајот на квалификациите изборија пласман на Европското првенство 2020 година
Еден од најдобрите напаѓачи оваа сезона, Роберт Левандовски, по синоќешниот триумф (2:0) над македонската репрезентација изјави дека ќе атакуваат на висок пласман на евро-шампионатот.
Втор пат во квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020, репрезентацијата на Полска ја совлада македонската селекција, овој пат во Варшава со 2:0.
Фудбалерот на ПСЖ и бразилскиот репрезентативец Нејмар се повредени во пријателскиот натпревар против Нигерија. Напаѓачот беше заменет во 12. минута од средбата.
Триесет и седумгодишниот чешки спортист кој потпиша договор со британскиот клуб Гилдфорд Феникс, се појави на лизгалиштето како дел од новиот тим во дуелот со Свиндон Вајлдс.
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ може да ја продолжи кариерата во Манчестер јунајтед, објави АС. Според извештаите на медиумите, 31-годишниот Хрват има намера да го напушти каталонскиот тим.
Тренерот на Ренџерс, Стивен Џерард призна дека секојдневно му недостасува Ливерпул.
Ракометарите на Еурофарм Работник ги освоија првите бодови во Лигата на шампионите. Вечерва во Битола совладан е финскиот шампион Кокс со 31:30 (17:13) во драматичен натпревар со што како што рече ракометарот Филип Чурлевски, „скршен е мразот“ во Лига на шампионите.
Репрезентацијата на Белгија забележа победа попладнево на гостувњето во Астана против Казахстан со 2:0.
На Светскиот одбојкарски куп што се одржува во Јапонија, репрезентацијата на Бразил забележа победа над Полска во дерби натпреварот од 9. коло. „Кариоките“ славеа во пет сета со 3:2, по сетови 19:25, 25:23, 25:19, 16:25 и 15:11.