Селекторот на македонската ракометна сениорска машка репрезентација, Данило Брестовац, меѓу 17-те ракометари на кои смета за пријателските мечеви против Турција во Ескишехир, не ги смести најискусните репрезентативци.
Красимир Балаков поднесе оставка на функцијата селектор на бугарската фудбалска репрезентација.
Екипата на Академија Пандев, со победата од 1:0 на гостувањето кај првакот Шкендија, барем привремено се искачи на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига.
Откако беше одлучено од безбедносни причини да се одложи големиот дерби натпревар од шпанската фудбалска лига меѓу Барселона и Реал Мадрид, закажан за 26 октомври, Каталонците објавија соопштение.
Раководството на Премиер лигата создаде тим од поранешни и актуелни играчи за борба против расизмот. Последниве денови, оваа тема беше особено важна на Островот заради испадите на група фанови за време на натпреварот меѓу Бугарија и Англија во понеделникот (0:6). Средбата на националниот стадион „Васил Левски“ во Софија беше прекината двапати од главниот судија поради расистички скандирања од трибините насочени кон темнокожите играчи на гостите.
Раководството на Лос Анџелес Лејкерс го продолжи за уште една година договорот на Кајл Кузма.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се шегува дека Манчестер Јунајтед е единствената екипа што во моментов сака да се справи со „црвените“. Германецот ова го кажа како одговор на изјавата на Оле Гунар Солскјер претходно денес дека Ливерпул во моментов е совршен ривал за „црвените ѓаволи“.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер смета дека неделното дерби на Ливерпул е совршена можност неговите играчи да го надополнат впечатокот што го оставија со слабите игри во последно време.
Неколку Ф1 тимови официјално доставија писмено барање до Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) во кое се поставуваат прашања за некои аспекти на актуелниот мотор на Ферари, пишува „Автоспорт“. Според изданието, конкурентите на „Скудерија“ сакаат одговор на прашањето дали дизајнот на моторот на Италијанците е според правилата со цел да започнат да развиваат свои слични концепти.
Двократниот учесник на Натпреварот на ѕвездите во НБА, Луол Денг, го објави крајот на својата натпреварувачка кариера. 34-годишниот кошаркарод Јужен Судан го направи тоа како играч на Чикаго Булс, откако потпиша симболичен еднодневен договор со клубот.