Претседателот на Лос Парови, Пеп Бартомеу иницирал телефонски конференциски повик со капитените Лионел Меси, Серхио Бускетс, Жерард Пике и Серхио Роберто.
Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) работи на создавање на фудбалски „Маршалов план“ за да ги спаси клубовите од претстојниот финансиски колапс заради глобалната пандемија на коронавирусот КОВИД-19.
Според извори во Италија, тимот на Ферари му предложил нов договор на четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел со намалени финансиски параметри.
Интер нема да го продолжи закупот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез за уште една сезона, пренесува „Дејли телеграф“.
Дел од Националниот тениски центар каде редовно се одржуваат натпреварите на US Open, ќе биде пренаменет во привремена болница, сe дознава од одлуката на американската Тениска асоцијација (УСТА).
Ливерпул разгледува сензационална понуда за sвездата на Манчестер Сити, Рахим Стирлинг, што ќе биде направено доколку Садио Мане одлучи да се пресели во Реал Мадрид. Ваква теорија пушти престижното француско издание „Екип“.
Клубовите од Првата и втората Бундеслига го одобрија предлогот на локалната федерација за периодот на суспензија на првенствата, а новиот датум е 30 април. Досега, тие официјално се прекинати до 2 април поради пандемијата на коронавирус. Според Кикер, сегашната надеж е дека мечовите ќе започнат на почетокот на мај, при што средбите нема да бидат отворени за навивачите.
Премиерлигашот Манчестер сити подготвува предлог за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско, објави „Дон Балон“.
Европската фудбалска федерација (УЕФА) разгледува три варијанти за продолжување на првенствата. Според „АС“, мај, јуни и септември се можни опции, но најизгледна е јуни.
Играчот од средниот ред на Челзи, Вилијан го сподели своето мислење за успешните настапи на Ливерпул и на Манчестер сити во последните неколку години.