Бугарски Лудогорец е единствениот тим од оние што досега комплетираа по две кола во Лига Европа, откако вечерва како гостин го совлада унгарски Ференцварош со 3:0.
Седумкратниот светски првак во мотоциклизам, Марк Маркез неодамна имал еден ненадеен проблем при патувањето од Барселона до Тајланд.
Плејмејкерот Марјан Младеновиќ, од денеска е нов член на Гостивар. Тој беше играч на АВ Охрид, но откако клубот остана без спонзорот и објави дека ќе се повлече од настап во првата лига, одлучи да си замине.
Белградски Партизан освои три значајни бодови на гостувањето од Лига Европа кај Астана во Казахстан, победувајќи со 2:1.
Дисциплинската и етичка комисија на УЕФА на 17 октомври ќе одлучува дали ќе им изрече казни на Манчестер сити и Динамо Загреб, клубовите чии навивачи за малку ќе се степаа за време на натпреврот помеѓу овие клубови од Лигата на шампионите во фудбал.
Апелацијата на Интернационалната атлетска федерација, ИААФ, призна дека Шпанецот Орландо Ортега бил оштетен во финалето на 110 метри со пречки, но трката нема да биде повторена.
Клаудио Маркизио на само 33 години реши да стави крај на фудбалската кариера, а денеска при официјалното објавување на одлуката, рече дека бил сакал да се преигра финалето на ЛШ од 2015 година.
Антонио Инсиње, кој е брат на фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње, преку социјалните мрежи испрати порака кон тренерот Карло Анчелоти, со која изрази незадоволство за третманот на Анчелоти кон Лоренцо.
Тибо Куртоа не тренира со тимот на Реал Мадрид, и ова со огромна веројатност значи дека голот на „кралскиот клуб“ на мечот со Гранада в сабота ќе го брани Алфонс Ареола
Американскиот боксер, поранешниот светски шампион во тешка категорија, Ивандер Холифилд, планира да одржи ревијален меч во Јапонија во 2020 година