Италијанецот призна дека користел неадекватен речник кон главниот судија Кристофер Кавано кој поништи гол за победа на Евертон, по консултација со ВАР системот, во судиското екстра време.
ПАОК е казнет со одземање на седум бодови, како и Ксанти, бидејќи бизнисменот Иван Савидис бил сопственик на двата клуба. Одлуката ја донесе Фудбалскиот сојуз на Грција со што ПАОК практично останува без шампионска титула, до која многу блиску е Олимпијакос.
Поранешниот капитен на Рома, Даниеле де Роси би можел да се врати кај „волчицата“, но не како фудбалер туку како тренер.
Роџер Федерер ја минува 750-та недела како дел од топ 3 на АТП листата. Далеку зад него на таа листа се Рафаел Надал (602 недели), Џими Конорс (591), Новак Ѓоковиќ (571) и Иван Лендл (499).
Португалскиот фудбалски ас Роналдо се врати во Торино и се приклучи на денешниот тренинг на екипата на Јувентус по денот минат во неговата родна земја поради мозочниот удар на неговата мајка.
Пари Сен Жермен веќе има идеја кој би бил совршената замена на Нејмар доколку се разделат со Нејмар.
Извори блиски до Кејн сакаат да знаат дека играчот е склон да се пресели во Манчестер Јунајтед. Ова треба да им даде зелено светло на „црвените ѓаволи“, за да се обидат да го привлечат во текот на летото.
Бруно Фернандеш досега се претставува одлично за Манчестер Јунајтед, со 3 гола и 2 асистенции на 5 натпревари. Менаџерот на тимот, Оле Гунар Солскјер се наврати малку назад и го признава факторот што целосно го убеди да го привлече Португалецот – и тој не е чисто фудбалски.
На крајот на 2015 година, Платини, кој тогаш беше потпретседател на ФИФА, беше избркан од фудбалот од страна на Комитетот за етика на светската централа. Суспензијата истече во октомври минатата година.
Ред Бул го бара второто место на ранг-листата на тимовите во Формула 1 и поголема финансиска награда, соодветно, а причината е природно скандалот со Ферари и ФИА.