Звонимир Бобан заминува од Милан по неполна сезона на функцијата шеф на фудбалски операции.
Жељко Обрадовиќ одби да го продолжи договорот со Фенербахче. Тимот од Истанбул има тешка сезона со голем број на пехови, а честа мета на критики беше токму прославениот српски кошаркарски тренер.
Ентони Џошуа и Кубрат Пулев договорија боксерски спектакл на 20 јуни на стадионот на Тотенхем во Лондон.
Даниел Стариџ по само шест месеци си замина од Трабзон. Деталите за изненадувачкиот прекин на соработката првично не беа познати, но неколку часа по веста за разделбата стигна објаснување.
Спортскиот директор на Фљамуртари од Приштина, Арбинор Морина изјави оти постои идеја за организација на меѓународен фудбалски турнир во чест на починатиот Фадил Вокри со учество на сите клубови во кој играл, вклучувајќи го и белградски Партизан.
„Ветувам дека нема да се вратам“, рече Шарапова.
Финалето во Лига Европа во 2022 година ќе се игра на „Пушкаш арена“ во Будимпешта додека Суперкупот истата година ќе биде на Олимпискиот стадион во Хелсинки, а во 2023 година на „Казањ арена“ во Русија.
Давид Бабунски од денеска е нов член на екипата на Ботошани од истоимениот романски град. Двете страни се обврза на соработка во наредните 18 месеци.
Емил Павлов го освои златниот медал на силната карате Премиер-лига во Сацлбург, Австрија. По тој повод Агенцијата за млади и спорт (АМС) организираше прием, на кој освен Павлов, присуствуваше неговиот тренер и селектор на репрезентацијата, Сашко Арсовски, како и претседателот на карате федерацијата Горан Милковски.
Фудбалскиот клуб Интер Мајами дебитираше со пораз во американската МЛС лига