Екипите на Манчестер сити и на Лион се пласираа во четвртфиналната фаза од фудбалската Лига на шампионите, откако вечерва ги елиминираа своите ривали Реал Мадрид, односно Јувентус.
Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел, се повреди на еден од тренинзите на тимот.
Премиерлигашот Вест Хем е подготвен да го продаде играчот од средниот ред Деклан Рајс.
Тренерот на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик, смета дека играчот од средниот ред на тимот, Тијаго Алкантара, може да се пресели во еден од клубовите во Премиер лигата.
Новото фудбалско првенство во Германија предвидено е да почне на 18 септември.
Фудбалската асоцијација на Англија ќе ги дисквалификува играчите шест до 12 натпревари за расизам и дискриминација, напиша на Твитер, Роб Харис, новинар на „АП“.
Марко Џампаоло е назначен за нов тренер на Торино, објавено е на веб-страницата на тимот. Договорот со 53-годишниот стручњак е за две години.
Англиската фудбалска Премиер лига објави список на кандидати за титулата најдобар млад играч за сезоната 2019/20.
Манчестер јунајтед реши да го продаде играчот од средниот ред Џеси Лигард и е подготвен да ги слуша понудите за него ова лето, пренесуваат медиумите во Англија.
Репрезентативецот на Хрватска, Иван Ракитиќ, во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“ во петокот изјави дека има намера да игра за Барселона следната сезона, односно до истекот на неговиот договор, и дека освојувањето на Лигата на шампионите би ги заборавило сите лоши работи од оваа сезона.