По триумфот на домашен терен од 3-1, Турција победи и на гостувањето во Будимпешта со 3-0 и со вкупен резултат 6-1 ја елиминираше Унгарија.
-Сакав да дојдам во едно од најсилните првенства во светот. Имам сон и цел да ја освојам Лигата на шампионите. Затоа го избрав овој клуб. Знаев дека ќе има потешкотии, но не ги избрав играчите во тимот, немав време да ги тренирам и јас бев должен да победам, истакна Португалецот.
По шпекулациите дека Барселона сака да го ангажира Бруно Гимараеш, каталонските медиуми сега тврдат дека клубот е заинтересиран за уште еден играч од средниот ред на Њукасл - Сандро Тонали.
Мота заминува по 18 победи, 16 нерешени и 8 порази на сите турнири. Покрај тоа што е далеку од лидерите во Серија „А“, Јувентус веќе испадна од Лигата на шампионите, беше елиминиран од Емполи во Купот на Италија и го загуби финалето на Суперкупот на земјата.
Новиот селектор на Англија, Томас Тухел, изјави дека играчот од средниот ред Џуд Белингем треба да биде малку подисциплиниран за да го достигне својот целосен потенцијал.
Јувентус изгледа е подготвен на се за да ги осигура услугите на напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен. Не е тајна дека Нигериецот е главна трансфер цел на „бјанконерите“ на лето и се чини дека се подготвени да направат што е потребно за да го доведат во своите редови, тврди „Тутоспорт“.
Кристијано Роналдо ја коментираше ситуацијата со Расмус Хојлунд на натпреварот од Лигата на нации меѓу Португалија и Данска, кој „црвениот динамит“ го доби со 1:0.
Манчестер Јунајтед на лето најверојатно ќе се раздели со Андре Онана, откако има за него интерес од Саудиска Арабија. Интересно е што и стартниот голман на Манчестер Сити, Едерсон, се подготвува да се упати кон истата дестинација.
Џонатан Дејвид е мета на големите европски клубови. Напаѓачот од јуни ќе може слободно да потпише за која било екипа, а Лил е свесен дека тешко ќе ја задржи својата ѕвезда.
Швеѓанецот сезонава е во маестрална форма. Тој е трет на листата на најдобри стрелци во Премиер лигата (19 гола), и е само на три гола од неговиот најдобар учинок во кариерата. Минатата сезона за Њукасл постигна 21 гол на 30 натпревари, а големи се шансите овој учинок да биде надминат.