Претседателот на Серија А, Паоло Дал Пино ги процени финансиските загуби што ги претрпе лигата како резултат на пандемијата на коронавирусот.
Во второлигашкото дерби во источната конкуренција, фудбалерите на „Каменица Саса” денеска славеа во дуелот со екипата на „Слога 1934″ од Виница. Домашната екипа иако играше без неколку стандардни првотимци, со двата гола на Саше Дуков, беше подобар тим на натпреварот, кој согласно протоколите за заштита од Ковид-19 се играше без присуство на публика. За стручниот штаб на домашната екипа, победата беше повеќе од заслужена.
Димитар Митровски, Ердон Даци, Давид Тошевски, Бојан Илиевски и Љавдрим Фазлиу се фудбалерите кои ќе недостасуваат во македонската фудбалска репрезентација до 21 година, за дуелот со Црна Гора.
Дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез објави информација за неговата состојба по повредата на коленото што ја заработи во репрезентацијата на Англија.
На официјалната прес-конференција спроти утрешниот натпревар од Лига на нации против Естонија, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски најави игра на победа и напад на првото место во групата.
Премиерлигашот Евертон сака во своите редови да го види фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Иско, пренесува „le10sport“.
Напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез проговори за тоа како можеше да заврши во Јувентус или Манчестер јунајтед минатото лето.
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, ќе одржи прес-конференција на почетокот на следната недела. Според „АС“, 34-годишниот Шпанец ќе ја објави својата одлука да остане во клубот од Мадрид до крајот на кариерата.
Дарко Чурлинов, Тодор Тодоровски и Ристе Јанков остануваат во селекцијата до 21 година, додека Љупчо Дориев од Шкендија ќе се приклучи на македонската А-селекција, е последната информација која ја објави Фудбалската федерација на Македонија.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски ги ослободи од обврските за средбите со Естонија и Ерменија, капитенот Горан Пандев, Аријан Адеми и голманот Столе Димитриевски.