Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, на прес-конференцијата по вечерашната победа над Грузија, го спореди капитенот Горан Пандев со Александар Велики.
Фудбалерите во црвено-жолти дресови влетаа во салата во која селекторот Игор Ангеловски требаше да одржи конференција, и го прекинаа пеејќи ја навивачката песна „Излези момче право на тераса“.
Токму на оваа песна, избраниците на селекторот Ангеловски по фантастичниот успех и пласманот на Европското првенство, „свртија оро“ на центарот на фудбалскиот терен во Тбилиси.
Бура од емоции предизвика пласманот на Македонската фудбалска репрезентација на завршницата на Европското првенсво кое ќе се одигра наредната година.
Иако, поради корона кризата не се дозволува масовни собирања, сепак Македонците и вечерва не останаа дома па со своите автомобили излегоа да го прослават овој историски успех.
Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во својата историја обезбеди учество на едно големо натпреварување. Предводени од капитенот Горан Пандев, “црвено-жолтите“ вечерва во Тбилиси, во баражот за Европското првенство 2020, ја совладаа Грузија со 1:0.
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос синоќа одигра пријателски натпревар против Холандија (1:1). Овој натпревар беше за Рамос 176-ти во репрезентативниот дрес
Фудбалската репрезентацијата на Холандија синоќа во Амстердам одигра 1:1 со Шпанија во пријателски натпревар. За Холанѓаните ова е четврти натпревар во низа без победа по доаѓањето на селекторското место на Франк де Бур
Управата на Барселона издаде соопштение во врска со преговорите со играчите за намалување на платата
Еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо, синоќа ја забележа 100. победа со португалскиот национален тим. Португалија во пријателски натпревар ја совлада Андора со 7:0