Маркус Рашфорд нема да добие уште една шанса во Манчестер Јунајтед од менаџерот Рубен Аморим. Напаѓачот беше позајмен во Астон Вила до летото и таму почна повторно да ја открива својата најдобра форма.
Напаѓачот на Барселона и Полска, Роберт Левандовски ги увери своите навивачи дека не е повреден. 36-годишниот ветеран и донесе успех на полската репрезентација против Литванија (1:0) во светските квалификации, но на крајот беше принудно заменет.
Играчите на Јувентус биле изненадени што Тиаго Мота не добил отказ по поразот од Фиорентина минатата недела. „Бјанконерите“ претрпеа два последователни тешки порази - 0:4 од Аталанта и 0:3 од „виолетовите“.
Младиот талент на Манчестер Јунајтед, Ејден Хевен ќе се опорави и речиси сигурно ќе биде достапен по репрезентативната пауза.
Неколку клубови стапиле во контакт со раководството на Манчестер Јунајтед за да добијат првични информации во врска со подготвеноста на „црвените ѓаволи“ да се разделат со Расмус Хојлунд и неговата можна цена на лето, објави италијанскиот стручњак Фабрицио Романо.
Масар Омерагиќ, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија им ја честита денешната победа на нашите фудбалери против Лихтенштајн (0:3).
Легендата Лука Модриќ во интервју за „Телефут“ изрази желба да продолжи да игра за Реал Мадрид следната сезона.
Франк Рибери, кој имаше извонредна кариера, сподели како бил блиску до ампутирање на ногата на крајот од кариерата кога бил во Салернитана. Причината беа компликации по операцијата на коленото, која се случи во 2022 година.
Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер повторно ќе биде надвор од терените и покрај тоа што се врати на теренот по лекувањето поради повреда, објавија во саботата лидерите во Бундеслигата.
Тренерот Себастијан Хенес го продолжи договорот со германскиот фудбалски клуб Штутгарт за една година до летото 2028 година, пренесоа германските медиуми. Нема ослободителна клаузула во договорот.