Европската фудбалска федерација (УЕФА) разгледува три варијанти за продолжување на првенствата. Според „АС“, мај, јуни и септември се можни опции, но најизгледна е јуни.
Играчот од средниот ред на Челзи, Вилијан го сподели своето мислење за успешните настапи на Ливерпул и на Манчестер сити во последните неколку години.
Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд апелира раководството на клубот од „Олд Трафорд“ да направи напори во летниот трансфер прозорец да ги ангажира Хари Кејн и Џејдон Санчо
Дефанзивецот на Баерн, Давид Алаба ја отфрли понудата на клубот за обновување на договорот, објави „Sport1.de“
Sвездата на Барселона, Лионел Меси се изрази против управата на клубот, откако откри дека фудбалерите на тимот од Каталонија се согласиле на намалување на платите од 70% за време на кризата со коронавирус во Шпанија.
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, уште еднаш ги искористи социјалните мрежи за да ги разјасни своите зборови до неговиот сонародник од Челси, Оливие Жиру, споредувајќи го со „картинг“, а себе си се нарече „Формула 1.
Пол Погба е предмет на трансфер сага од затворањето на трансфер прозорецот минатото лето. Францускиот фудбалер има само 8 натпревари за „црвените ѓаволи“ оваа сезона, изјавувајќи неколку пати дека сака „нов предизвик“ во неговата кариера.
Капитенот на Астон Вила, Џек Грелиш се извини откако денес стана јасно дека тој се забавувал ноќе во текот на викендот и покрај мерките преземени за пандемијата од коронавирусот од страна на британска влада.
Преговорите меѓу Милан и поранешниот тренер на РБ Лајпциг, Ралф Рангник, се во застој.
Спортскиот директор на Бока Јуниорс, Хорхе Бермундес е уверен дека напаѓачот на Пари Сен Жермен, Единсон Кавани, ќе му се придружи на аргентинскиот клуб.