Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин ја коментираше одлуката за предвремено прекинување на францускиот шампионат. Чеферин даде интервју за катарската телевизија „Беин Спортс“
Sвездата на Реал Мадрид, Тони Крос го истакна првенството во кое тешко дека некогаш ќе игра и тоа е Премиер лигата. Германскиот интернационалец беше многу блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед во летото 2014 година, но на крајот избра да замине во „кралскиот“ клуб заради нестабилноста на „црвените ѓаволи“ по заминувањето на Сер Алекс Фергусон
Легендата на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд призна дека очајно сака клубот да потпише со Џејден Санчо, бидејќи смета дека крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд може да донесе многу потребна смисла и имагинација во тимот предводен од Оле Гунар Солскјер
Хари Кејн е подготвен повторно да игра за Тотенхем кога ќе се рестартира англиското првенство. 26-годишниот напаѓач претрпе повреда на првиот ден од новата година и ги пропушти сите натпревари на „спарси“ до средината на март, кога Светската здравствена организација прогласи пандемија и практично ги прекина сите фудбалски првенства
Рестартирањето на шпанската Ла Лига е на хоризонтот и Барселона ќе треба да ги одигра преостанатите 11 натпревари
Навивачите на Њукасл наскоро ќе доживеат ново разочарување откако договорот да се продаде клубот на саудиски инвеститори е на работ на неуспех, информира „Мирор“
„Проектот Рестарт“, на кој активно работат во Премиер лигата, планира да го обнови шампионатот на 12 јуни.
Хари Кејн му се придружи на клубот кога имал 17 години, откако беше позајмен од Тотенхем. Потоа, тој постигна пет гола на 18 натпревари пред да се врати во „спарси“.
Два дена пред продолжување на сезоните во Првата и во втората Бундеслига во Германија, сите 36 клуба и официјално ја поддржаа идејата првенството да биде завршено.
Играчите чии договори истекуваат на 30 јуни годинава, ќе можат да останат во нивните сегашни клубови до крајот на сезоната. Ова беше објавено во официјалното соопштение на Премиер лигата.