Целиот приход од продадените влезници од денешениот фудбалски натпревар Тетекс-Зајас во Тетово ќе се донира во хуманитарна цел, информираат од тетовскиот клуб. Натпреварот се игра денеска од 16 часот на фудбалското игралиште на спортскиот центар во Тетово, а влезницата ќе чини 100 денари
Тренерот на Челзи, Френк Лампард изјави дека е шокиран од изборот на ФИФА околу наградата за фер-плеј на годината
Францускиот интернационалец Пол Погба, не е среќен во Манчестер јунајтед, и сака да си замине од клубот во јануарскиот преоден рок, тврдат новинари од весникот „Сан“
Барселона на гостувањето кај Хетафе во првенствен меч од шпанската лига, ќе игра без Лионел Меси. Најдобриот фудбалер на светот за 2019 година, има мускулна повреда здобиена на дуелот со Вилјареал во претходното коло
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, донесе неколку одлуки околу носење на пропозиции за натпреварување во неколку лиги и Купот, а реши и да набави медицинска опрема за потребите на националниот тим
Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Сенегалецот Ел Хаџи Диуф, ја користи секоја прилика во своите изјави да го „чепне“ својот некогашен клуб, за кој од 2002 до 2005 година одигра 80 меча и даде шест гола
Релативно непознатиот португалски стручњак, Жорже Силас, е именуван за нов тренер на Спортинг Лисабон, клубот чиј член е македонскиот репрезентативен бек Стефан Ристовски
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, потврди дека 18-годишниот Бразилец Родриго, нема да биде во составот за утрешното градско дерби против Атлетико
Раководството на францускиот прволигаш Ница планира да го раскине договорот со напаѓачот Мохамед Диаби, објави „Л’Екип“
Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе одлука да го одлжи квалификацискиот натпревар за Европскиот шампион помеѓу женските екипи на Косово и Русија, закажан за 4 октомври во Приштина