Фудбалерот на Челзи, Калум Хадсон Oдoи во целост се опорави од коронавирусот, соопшти менаџерот на „сините“, Френк Лампард.
Плејмејкерот Филипе Кутињо се надева дека ќе се врати во англиската Премиер лига следната сезона, според Мундо Депортиво. 27-годишниот играч од средниот ред, кој е во сопственост на Барселона, но игра на позајмица во Баерн (Минхен), веќе одбил понуда да се врати во италијански Интер и да замине во францускиот шампион Пари Сен Жермен.
Поранешниот перуански фудбалер Нолберто Солано, кој во кариерата играше за бројни клубови, го прекршил правилото за задолжителен карантин поради пандемијата на Ковид-19 и уапсен е во неговата родна земја.
Кошаркарите на Реал Мадрид завршија со двонеделниот карантин, но и тие и фудбалерите остануваат во изолација во домашни услови. Освен Треј Томпкинс, никој друг не е заразен со Ковид-19, објави шпанскиот весник „Ас“.
Заразени спортисти, тренери и стручен персонал, празни стадиони, прекинување на скоро сите натпреварувања, неизвесни датуми и формати за враќање се само некои од најголемите проблеми предизвикани од коронавирусот.
Младата ѕвезда на Ајакс, Абделхак Нури излезе од кома и сега може да комуницира со членовите на семејството. 22-годишниот фудбалер падна на теренот во јули 2017 година, откако доживеа срцева аритмија.
Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума одговори на голем број прашања поставени од навивачите преку Инстаграм.
Шпанскиот селектор Луис Енрике откри дека ја користи паузата во фудбалот за да продолжи напред со своите студии по англиски јазик. Според медиумите, ова е јасен знак дека тој еден ден ќе посака да води тим во Премиер лигата.
Англиски Челси го сака во своите редови голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер.
Финалниот натпревар за ФА Купот би можел да биде презакажан за октомври, пренесува „Мирор“.