Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, даде свое мислење околу тоа дали на неговиот тим утревечер во пресметката од Лигата на шампионите ќе му биде полесно или потешко ако во составот на Барселона биде и Лионел Меси.
Новата сезона во фудбалската Лига на шампиони почнува, а од Европската фудбалска асоцијација УЕФА, објавија дека на клубовите учесници ќе им бидат поделени парични награди во висина од дури две милијарди евра.
Шпанскиот голман Давид Де Геа, официјално го продолжи договорот со Манчестер јунајтед до јуни 2023 година.
Еден од најдобрите фудбалери на светот, Еден Азар, кој е член на Реал Мадрид, во пресрет на почетокот на сезоната во Лигата на шампионите, кажа кои се разликите од играњето во Англија и Шпанија.
Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус е заинтересиран за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско, објави „Калчо Меркато“
Домот на дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити беше ограбен за време на натпреварот од 4. коло од шампионатот на Шпанија против Валенсија, пренесува „Ла Вангардија“
Специјалистот со прекар „неуморниот Руди“ влезе во Гинисовата книга на рекорди. За време на неговата кариера, тој водеше 55 екипи од 32 земји
Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо пушти солзи за време на интервјуто за британскиот телевизиски канал ИТВ. Ова се случи по презентирано видео прашање за неговиот покоен татко
Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ, постави клупски рекорд по број на голови во МЛС во текот на сезоната. На натпреварот против Спортинг Канзас Сити (7:2), Швеѓанецот направи хет-трик
Монако синоќа загуби од Олимпик Марсеј (3:4) на домашен терен во натпревар од 5. коло на француското првенство и по пет кола остана без победа на претпоследното место