Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го постигна вториот гол за Џенова синоќа на гостувањето кај Сасуоло.
По 12 години, фудбалерот од средниот ред Јаја Туре се врати во Олимпијакос. Неговиот договор со Манчестер Сити истече ова лето и тој одлучи да продолжи во Грција.
Англискиот фудбалски сојуз (ФА) ќе спроведе истрага за радувањето на фудбалерот на Арсенал, Шкодран Мустафи на дуелот со Кардиф.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд се извини за добиениот црвен картон на натпреварот од 4.коло во шампионатот на Англија против Барнли.
Капитенот на Барселона, Лионел Меси, во натпреварот од третото коло Шпанското првенство одигран вчеравечер на „Камп Ноу“ постигна два гола и запиша две асистенции.
Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку ги постигна двата гола во вечерашната победа на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Барнли и со тоа го намали притисокот што беше насочен кон тренерот Жозе Мурињо, за кого се шпекулираше дека ќе добие отказ во случај на пораз.
Со победата над Шкупи попладнево на „Чаир“ против Шкупи со 2:1, актуелниот македонски шампион Шкендија се најде на делба на третата позиција на табелата со ист број бодови како Вардар.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди забележа една асистенција на денешното градско деби што неговиот тим Леванте го играше на домашен терен со Валенсија.
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, истакна дека неговиот тим не треба да ја потценува Хуеска, со која ќе се состане вечерва во натпреварот од третиот круг на шампионатот во Шпанија.
Европската фудбалска федерација ја промовираше топката со која ќе се играат средбите од новото натпреварување – Лига на нации.